Национална ознака за квалитет

НАЦИОНАЛНА ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ
- Дали вашиот еТвининг проект има заедничка цел и заеднички план?
- Дали е завршен или е во завршна фаза?
- Дали вие и вашите ученици придонесовте за сите проектни активности?
- Дали вие и вашите партнери сте организирале колаборативни активности?
- Дали сте ја земале во предвид е-безбедноста и проблемите со авторските права?
Доколку одговорот е ДА на сите 5 прашања,тогаш зошто не аплицирате за национална ознака за квалитет?
Националната ознака за квалитет се доделува на наставниците со одлични еТвининг проекти и укажува на тоа дека проектот достигнал одредено ниво на квалитет во својата земја.
Како да аплицирате
- Логирајте се во eTwinning Live
- Одете воПроекти
- Најдете го вашиот проект и притиснете на Аплицирај за ознака за квалитет
- Пополнете ги ги сите полиња со сите потребни информации и обезбедете докази за вашата работа
- Можете да ги испратите сите горенаведени чекори за секој од вашите проекти за кои мислете дека заслужуваат ознака за квалитет.
Напомена: само првите 4 предложени проекти ќе бидат земени предвид и оценети од вашата Национална организација за поддршка. Внимателно изберете проекти кои сметате дека ја заслужуваат Ознаката за квалитет.
Корисни совети
Пополнете ги сите информации однапред во Word документ, а потоа копирајте ги и поставувете ги вашите одговори на формуларот за апликација. Ова ќе ви спречи да го изгубите она што сте го напишале во формуларот, доколку ви е потребно повеќе од 30 минути за да го завршите! Обезбедете повеќе информации за невидливите аспекти на вашиот проект, бидејќи оценувачите ќе ја видат целата видлива работа во вашиот Tвинспејс
Ознаката за квалитетот му е доделена на наставникот лично .Дури и ако работите со други колеги во вашето училиште, секој од вас треба да аплицира за ознака за квалитет и да презентира како тој / таа придонеле за проектот. Ознаката за квалитет е доделена на наставниците кои активно и видливо придонеле за проектните активности.
Зошто да аплицирате:
Конкретно признание за наставниците и училиштатана високо ниво за нивните еТвининг активности. Поттикнување на учениците да продолжат да учествуваат и да работат во еТвининг активностите и е конкретен начин да покажат дека нивните напори се препознаени. Студентите можат да добијат ознака за квалитетотза ученици, откако нивниот наставник ќе добие национална ознака за квалитет. Јавно признание за посветеноста на училиштето за квалитет и отвореност во европската соработка.
Кој ја дава ознаката за квалитет?
Националната организација за поддршка (NSО) во секоја земја ги оценува апликациите од училиштата за Националната ознака за квалитет. Ознаките се доделуваат во текот на целата година, меѓутоа, во некои земји, роковите се фиксни, па не заборавајте да ја консултирате вашата NSО за информации за роковите во вашата земја. Откако апликацијата ќе биде прифатена или одбиена, вашата NSО ќе ве контактира.
КРИТЕРИУМИ ЗА ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ
Педагошка иновација
- проектот е оригинален во однос на темата
- користи различни педагошки методи
- учениците се оние кои го преземаат водството
- учениците комуницираат со своите партнери и работат заеднички користејќи различни методи, како што се собирање на информации, решавање на проблеми, истражување, компаративна работа
- учениците земаат различни улоги како уметници, новинари, техничари, научници, актери итн.
Курикуларна интеграција
- проектот е вметнат во учебната програма и наставните планови
- поголемиот дел од работата на проектот се врши во текот на училишните часови
- курикуларната интеграцијата на наставната програма во проектот е јасна
- проектната работа им овозможува на студентите да ги развиваат своите вештини и компетенции
- педагошката рамка на кој се заснова проектот е објаснета и документирана од страна на наставникот
Соработка помеѓу партнерските училишта
- колаборативните активности се пред комуникацијата
- партнерските училишта работат заедно за да ги завршат заедничките активности
- партнерите не се само примачи на информации
- колаборативните активности резултираат со опиплив исход
Употреба на технологија
- технологијата се користи за да им помогне на партнерите да ги постигнат своите педагошки цели
- алатките им помагаат на партнерите да соработуваат подобро меѓу себе
Резултати , импакт и документација
Осигурајте се дека:
- резултатите од проектот се презентирани на интернет
- учениците се вклучени во Tвинспејс
- сите чекори на проектот се документираат вклучувајќи планирање - опис на активностите - евалуација - повратни информации
- го оценувате и објавувате влијанието што проектот го има врз учениците и наставниците вклучени во проектот.