Ајде да бидеме физички активни на училиште! Нови иницијативи за здрав начин на живот

Приклучете се на предизвикот Good Energy 4 Schools!
Европската комисија ви поставува предизвик да ги споделите вашите идеи и активности за да се постигне „Good Energy 4 Schools“ (Добра енергија за училиштата) како дел од . Тоа може да го сторите со едноставно оставање на коментар под овој напис, или со внесување на вашата , која потоа ќе биде додадена на . На пример, можеби сте откриле нов начин како да ги натерате децата да се движат повеќе и да седат помалку? Или да подучувате тригонометрија со користење ритам?
Образовната заедница веќе ја има демонстрирано својата извонредна работа во однос на промовирањето активен и здрав начин на живот. Добијте инспирација од , добитник на наградата #BeActive Education Awards во 2020 година од Загреб, или од проект од Минхен.
е двогодишна иницијатива која се стреми да ги поврзе спортот и активниот начин на живот со здравствените, прехранбените и разни други политики.
Збирка алатки за млади за промовирање политики за обезбедување квалитетно физичко образование
Квалитетното физичко образование ги спојува физичкиот, менталниот и психо-социјалниот домен на учење. УНЕСКО неодамна објави три публикации за тоа: , и . Секоја од публикациите претставува комбинација од сознанија добиени од глобалната анкета на УНЕСКО, сознанија од спроведувањето на национално ниво, како и од сведоштва на засегнатите страни.
Збирката алатки за промовирање квалитетно физичко образование, изработена во соработка со 21 млад лидер од 18 земји, им помага на младите да се залагаат и ефективно да придонесуваат во развојот на квалитетно физичко образование. Содржината вклучува примери од студии на случај, практични контролни листи за насочување на активностите, клучни дефиниции и совети.
Квалитетното физичко образование помага во справување со кризата којашто КОВИД-19 дополнително ја влоши – физичка неактивност, проблеми со менталното здравје и нееднаквост – и токму затоа е главна компонента на новата спортска иницијатива на УНЕСКО .