Анкета за училишни програми за менторство – Резултати

Важноста на менторството во рамки на училишното образование е препознаена во политиките и практиките на ниво на ЕУ. На пример, во неодамнешната се наведува дека програмите за менторство, вклучително колегијалното/врсничкото менторство, може да придонесат за подобри образовни исходи и социо-емоционална поддршка, особено за учениците од социо-економски маргинализирани средини или за учениците во ризик од слаби постигнувања.
Покрај тоа, во придружниот работен документ на службите се забележува дека одржаното, структурирано менторство, со утврдено време и можности за моделирање, практика, оценување, поддршка и повратни коментари од образовните стручни лица, претставува важен фактор за поддршка на студентите идни наставници во рамки на иницијалното образование на наставници и на нововработените наставници. Менторството може да им помогне подобро да ја разберат својата улога и да применуваат иновативни наставни техники и е тесно поврзано со благосостојбата на наставниците (уживање во работата, мотивација, самоефикасност и задржување на наставниот кадар).
Анкетата за менторство беше отворена од 10 јануари до 28 февруари и собра вкупно 173 одговори. Најголем дел од одговорите дојдоа од Италија, Турција, Романија и Шпанија.
1 – Означете ги сите целни групи на програмите за менторство коишто вашето училиште, или некое училиште што го познавате, ги има утврдено
Одговорите укажуваат дека целокупниот фокус на програмите за менторство во училиштата е врз учениците, а не врз наставниците. Поточно, во училиштата на испитаниците, повеќето менторски активности се однесуваат на сите ученици (47%), а потоа следат учениците со потешкотии во учењето и посебни образовни потреби (41%). Учениците од социо-економски маргинализирани средини и оние кои се изложени на ризик предвремено да го напуштат училиштето, се исто така целни групи на менторските програми. Во училиштата на испитаниците, повеќето наставници (71%) не добиваат менторство, а само во 36% од училиштата се менторирани новоименуваните наставници. Само 16% известиле дека наставниците на кои им е потребна дополнителна поддршка се менторирани.
- Сите ученици
- Ученици со тешкотии во учењето и посебни образовни потреби
- Ученици од социо-економски маргинализирани групи (на пр. ниски приходи, мигранти, бегалци)
- Ученици во ризик од предвремено напуштање на образованието
- Ученици кои вршат врсничко насилство или се жртви на такво насилство
- Ученици со проблеми со менталното здравје или благосостојбата
- Нови ученици
- Ученици со ниска самодоверба, кои покажуваат послаби резултати
- Сите наставници
- Наставниците за кои е идентификувано дека имаат потреба од дополнителна поддршка
- Нововработените наставници
- Нововработениот ненаставен кадар (училишни лидери, техничари за ИКТ, координатори, советници, итн.)
- Ниту едно од горенаведените
2 – Според вашето искуство, колку се ефективни следниве форми на менторство на ученици?
86% од испитаниците сметаат дека најефективните форми на менторство се сесиите лице-в-лице еден на еден, проследено со менторство од врсници (75%), менторство помеѓу различни возрасти (73%), сесии лице-в-лице со група ученици (67%) и менторство со надворешни волонтери или експерти (63%). Од друга страна, онлајн менторството еден-на-еден (40%) и онлајн-групното менторство (24%) беа согледани како најмалку ефективни.
A=Многу ефективни.... B=Ефективни..... C=Ниту ефективни, ниту неефективни.... D=Неефективни.... E=Многу неефективни.... F=Не знам / неприменливо
- Лице в лице, еден на еден
- Лице в лице, еден на повеќемина – со група ученици
- Онлајн менторство еден на еден
- Онлајн менторство во група
- Менторство со различни возрасти (постар ученик е во улога на ментор на помал ученик)
- Врсничко менторство (ученици кои се приближно на иста возраст се во улога на ментори и менторирани)
- Користење надворешни волонтери или стручни лица како ментори
3 – Според вас, кои се (или треба да бидат) трите главни области на кои треба да се фокусираат програмите за менторство на ученици?
Според испитаниците, првите три области што треба да ги опфатат менторските програми на учениците се однесувањето и мотивацијата за учење (55%), зајакнувањето на довербата и самодовербата кај учениците (50%) и нивната социјална интеграција во училиштето и со групите на врсници (46%). Помалку наведените области вклучуваат благосостојба и ментално здравје (34%) и идни образовни и професионални перспективи (32%). Во меѓувреме, трите најмалку избрани области беа академските резултати (30%), спречувањето на предвремено напуштање на училиштето (28%) и намалувањето на вознемирувањето и малтретирањето (20%).
- Образовните резултати (на пр. индивидуална поддршка и лично туторство)
- Социјална интеграција во училиштето и во групата врсници
- Подигнување на самодовербата и верувањето во себе
- Намалување на малтретирањето и на врсничкото насилство
- Однесување и мотивација за учење
- Идни образовни и професионални патеки и перспективи
- Спречување предвремено напуштање на образованието
- Благосостојба и ментално здравје
4 – Кои се (или треба да бидат) главните области на кои треба да се фокусираат програмите за менторство на наставници?
Што се однесува до областите што треба да ги опфатат програмите за менторство на наставниците, првите три одговори на анкетата се наставни вештини (58%), стимулирачки и предизвикувачки професионален развој во текот на кариерата (43%) и поддршка на учениците со емоционални тешкотии и тешкотии во однесувањето (39%). Помалку испитаници се осврнаа на обезбедување на запознавање со работата за новоквалификуваните наставници и подобрување на академските резултати на учениците. Пристапот до материјали за водство и поддршка (17%), справувањето со предрасудите и стереотипите поврзани со полот, расата, етничката припадност итн. (10%) и намалувањето на бројот на наставници кои ја напуштаат професијата (5%) беа најмалку цитираните области.
- Збогатување на вештините за подучување (на пр. поддршка на персонализираното учење преку проверка на она што го сработиле учениците, давање повратен коментар, и адаптација на планот за учење за следниот ден зависно од потребите)
- Подобрување на училишните резултати на учениците
- Стимулирање и поставување предизвици во однос на професионалниот развој на наставниците во текот на целата кариера
- Справување со предрасудите и стереотипите поврзани со родот, расата, етничката припадност, итн.
- Поддршка на учениците со емоционални тешкотии и тешкотии со однесувањето
- Овозможување комуникација и соработка со родителите и семејствата од ранливи категории (на пр. мигранти или од маргинализирани средини)
- Воведување на новодипломираните наставници, нивна интеграција и поддршка
- Подигнување на моралот и самодовербата на наставниците
- Намалување на бројот на наставници кои ја напуштаат професијата
- Нивно помагање во новата улога, како на пр. училишни лидери, ментори, предметни координатори, координатори за ИКТ
- Обезбедување пристап до упатства и помошни материјали
5 – Според вашето искуство, кои се клучните компоненти на успешните програми за менторство, како за учениците, така и за наставниците?
Во однос на клучните компоненти на успешните програми за менторство или за ученици или за наставници, испитаниците посочија дека тие вклучуваат употреба на искусни ментори и обука за ментори (53%), расположливост и достапност на шеми за менторство (44%), поддржувачко, слободоумно училишно раководство и доверба меѓу менторите и менторираните (43%). Помал процент од испитаниците мислеа дека вклучувањето на родителите на учениците (27%), достатното финансирање (23%) и назначениот персонал кој ја надгледува програмата за менторирање (15%), се важни фактори кои обезбедуваат успех на таквите програми.
- Училишно лидерство со отворени сфаќања кое дава поддршка
- Доверба меѓу менторот и менторираното лице
- Кадар кој е подготвен и расположен да учествува во програмата за менторство
- Ученици кои се расположени да учествуваат во програмата за менторство (врсничко менторирање, работа во парови со другарче, амбасадори)
- Задоволителни финансии, на пр. да им се даде стимул на менторите, да се овозможат вонучилишни сесии
- Односи на менторство кои остануваат стабилни во текот на целата учебна година
- Соработка со надворешни стручни лица и професионалци
- Еден или двајца назначени членови на кадарот кои ја надгледуваат програмата за менторство
- Достапни и лесно пристапни програми за менторство, вклучително пристап до соодветни упатства и помошни материјали
- Искусни ментори, обука за ментори, на пр. за активно слушање, давање повратен коментар, поставување прашања
- Вклучување на родителите на учениците
6 – Означете каква улога имате моментално: Јас сум …
Севкупно, 67% од испитаниците се ментори на ученици, наставници или двете. Од оние кои се ментори, 25% се ментори и на ученици и на наставници, 23% само на ученици и 18% само на наставници.
- Ментор на ученици
- Ментор на други наставници
- Ментор и на ученици и на наставници
- Ниту едно од горенаведените
Заклучок
Иако анкетата имаше релативно ниска стапка на одговори, таа покажува дека повеќето испитаници се вклучени во шеми за менторство, примарно насочени кон учениците, а секундарно насочени кон наставниците. Мнозинството смета дека менторството треба да им се обезбеди на сите ученици преку сесии лице-в-лице еден на еден, менторство од врсници, и менторство помеѓу различни возрасти, насочено кон нивното однесување и мотивација за учење, зајакнување на нивната самоувереност и самодоверба,како и за нивна социјална интеграција во училишните/врснички групи.
Што се однесува до наставниците, испитаниците укажуваат дека шемите за менторство се насочени кон новоименуваните наставници и сите наставници, фокусирајќи се главно на нивните наставни вештини и нивниот професионален развој во текот на кариерата.
Клучните компоненти на успешните програми за менторство или за ученици или за наставници вклучуваат употреба на искусни ментори, пристапност до шеми за менторство, поддржувачко, слободоумно раководство во училиштето и доверба помеѓу менторите и менторираните.
7 – Која од следниве точки најдобро ја опишува вашата улога?
- Воспитувач/ка - предучилишно образование
- Наставник/наставничка - основно образование
- Професор/ка - средно образование
- Професор/ка – стручно образование
- Директор/ка на училиште
- Национален, регионален или локален орган
- Едукатор/обучувач на наставници
- Креатор на образовни политики
- Родител
- Стручен соработник во училиштето (на пр. библиотекар/ка во училиштето, советник за професионална ориентација)
- Надворешен практичар (во посета на училишта)
- Друг професионалец/засегната страна од образовниот сектор
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)