Анкета за развој на основните вештини – Резултати

Обезбедувањето сите ученици . Истовремено, на ЕУ ѝ е потребен значителен број млади луѓе со одлични нивоа на владеење на основните вештини за да може да го одржи својот капацитет за иновации во иднина.
Меѓутоа, сознанијата од истражувањето на ПИСА за 2022 година укажуваат на значителни незадоволителни резултати во однос на основните вештини, при што значаен процент на 15-годишници не можат да протолкуваат едноставни текстови, да користат основни алгоритми или да применат едноставно научно знаење. Истовремено, бројот на ученици кои постигнуваат највисоки резултати кај овие вештини се намалува во голем број земји на ЕУ. Во однос на дигиталните вештини, откри дека околу една третина од осмоодделенците (т.е. учениците на околу 13-годишна возраст) го немаат основното ниво на владеење на овие вештини.
Што е уште позагрижувачки, има забележливи разлики поврзани со ; 48 % од учениците од маргинализирани средини во ЕУ постигнуваат незадоволителни резултати по математика, а процентот и се зголемува.
Целта на оваа анкета е да дојде до сознанија во однос на можните фактори коишто влијаат врз развојот на основните вештини на сите образовни нивоа, предизвиците при подучувањето на овие вештини и најефективните стратегии за надминување на овие предизвици.
На анкетата беа добиени 1.749 одговори, најголем дел од практичари во полето на образованието (70 % наставници и 5 % училишни лидери) во Германија, Украина, Романија и Хрватска.
Која од следниве точки најдобро ја опишува вашата улога?
- Воспитувач/ка - предучилишно образование
- Наставник/наставничка - основно образование
- Професор/ка - средно образование
- Професор/ка – стручно образование
- Директор/ка на училиште
- Национален, регионален или локален орган
- Едукатор/обучувач на наставници
- Креатор на образовни политики
- Родител
- Стручен соработник во училиштето (на пр. библиотекар/ка во училиштето, советник за професионална ориентација)
- Надворешен практичар (во посета на училишта)
- Друг професионалец/засегната страна од образовниот сектор
1 - Како би го оцениле владеењето на основните вештини од страна на вашите ученици (во вашето училиште или во некое училиште со кое сте запознаени)?
Податоците ги одразуваат различните перцепции на испитаниците во однос на владеењето на основните вештини од страна на учениците. Во просек, само 6 % сметаат дека најголем дел од учениците извонредно ги владеат сите основни вештини, додека 14 % сметаат дека многу мал број ученици ги достигнуваат бараните национални стандарди.
Испитаниците се попозитивни во однос на јазичната писменост и дигиталните вештини отколку во однос на математиката и природните науки. 9 % изјавиле дека најголем дел од учениците извонредно ги владеат дигиталните вештини, 42 % сметаат дека мнозинството го задоволува бараното ниво, а 32 % велат дека на многумина им оди тешко. Во однос на јазичнатаписменост, 7 % веруваат дека најголем дел од учениците извонредно ја владеат оваа вештина, а 41 % мислат дека мнозинството ги исполнува потребните стандарди.
Во однос на вештините за математика, само 4 % сметаат дека најголем дел од учениците извонредно ги владеат овие вештини, додека 17 % мислат дека многу мал број ученици го постигнуваат бараното ниво. 42 % сметаат дека многумина не го достигнуваат очекуваното ниво. Кога станува збор за природните науки, само 3 % сметаат дека повеќето ученици се истакнуваат, а 16 % мислат дека само малкумина го достигнуваат бараното ниво.
A. Најголем дел од учениците извонредно ги владеат.
B. Најголем дел од учениците го постигнуваат бараното ниво.
C. Некои ученици извонредно ги владеат, додека многумина не го постигнуваат бараното ниво.
D. Многу мал број ученици го постигнуваат бараното ниво.
E. Не сум сигурен/-на / Не знам.
- Јазична писменост
- Математика
- Природни науки
- Дигитални вештини
- Просечна
2 - Според вас, кои од следниве причини се најважни за да се обезбеди сите ученици да постигнат соодветни нивоа на владеење на основните вештини?
На прашањето за причините за подучување на основните вештини, испитаниците најчесто (55 %) одговориле дека тоа е заради „критичко оценување на информациите, со што би се заштитиле од дезинформации, манипулација и измама“. Малку помал број (52 %) сметаат дека основните вештини поттикнуваат социјална интеграција и им помагаат на поединците да се адаптираат на општествените и технолошките промени.
Помал процент (32 %) препознаваат дека овие вештини помагаат во разбирање на прашања поврзани со здравјето и благосостојбата, додека 31 % ја забележуваат нивната улога во промовирањето учество во демократските процеси и граѓански активности. Она што е интересно е дека само 17 % имаат впечаток дека поседувањето основни вештини може да ги одврати луѓето од антисоцијално и криминално поведение.
Основните вештини се важни за:
- критичко размислување и внимателност во однос на дезинформации, манипулација и измама
- да бидат социјално интегрирани и вклучени
- адаптирање на општествените и технолошките промени
- пристапување и користење на дигиталните технологии на ефективен и здрав начин
- успех во понатамошното образование и академските студии
- имање разновидни опции за вработување и подобро платени работни места
- разбирање и управување со сопственото здравје и благосостојба
- учество во демократските процеси и граѓански активности
- да се избегне вклучување во антисоцијално и криминално поведение
3 - Според вас, кои од следниве фактори го попречуваат развојот на основните вештини на учениците?
Развивањето на основните вештини на учениците се смета дека е првенствено попречено од слабата мотивираност на учениците за учење (62 %), а по неа следат ограничената вклученост на родителите и прекумерната употреба на дигитални уреди од страна на учениците за забава (и двете со по 48 %). За помал број од испитаниците, проблемот лежи во недостигот на време или вештини за ефективна соработка (22 %) и ограничениот пристап до ресурси и јазичните бариери (и двете со по 18 %).
Само 14 % од испитаниците посочиле дека чувството што учениците го имаат за припадност кон училиштето влијае врз развојот на нивните вештини. Иако чувството на припадност може да биде важен фактор во севкупната благосостојба на учениците, тоа не мора да е толку клучно за развојот на вештините. Ова е во согласност со дека добрите резултати не се неопходно поврзани со поголемо чувство на припадност, и обратно, слабите резултати автоматски не укажуваат на слабо чувство на припадност.
- Слаба мотивираност на учениците за учење (вклучително и како резултат на проблеми со поведението во училницата).
- Ограничено вклучување на родителите во образованието на своите деца (од рана возраст па натаму).
- Долготрајна употреба на дигитални уреди од страна на учениците за забава во секојдневниот живот.
- Големи паралелки и недоволно внимание на различните специфичности на учениците.
- Зголемени обврски на наставниците во однос на административните работи и наставната програма, вклучително и тестови со големо значење.
- Неинспиративна и нерелевантна наставна програма.
- Ненавремено идентификување на индивидуалните потреби на учениците, вклучително потребите од специјално образование.
- Недоволна насочена поддршка за учениците со посебни образовни потреби и од маргинализирани средини.
- Недостиг на време или вештини кај наставниците за соработка со колеги, родители и други засегнати страни.
- Недоволни педагошки компетенции на наставниците за примена на ефикасни стратегии за подучување и оценување на основните вештини.
- Ограничен пристап до ресурси (на пр. книги, дигитални уреди, интернет).
- Јазични бариери (на пр. слабо владеење на јазикот на кој се одвива наставата).
- Учениците чувствуваат дека не припаѓаат во училиште (на пр. поради несигурност и слаба благосостојба).
4 - Според вас, која од следниве мерки би била најефективна за надминување на овие предизвици?
Ниту една понудена опција не беше препознаена како најдобра за надминување на предизвиците поврзани со развојот на основните вештини на учениците. Испитаниците избраа три стратегии коишто приближно исто високо ги оценија: зголемена вклученост на родителите (34 %), подобрување на поведението во училницата, ангажираноста и мотивацијата (34 %) и флексибилност во наставната програма за задоволување на индивидуалните потреби на учениците (31 %).
Веднаш по овие стратегии следат промовирањето благосостојба и средини за учење кои даваат поддршка (30 %) и колаборативните наставни методи (27 %).
Најретко избрани опции од страна на испитаниците се: соработка со локални организации/компании (10 %), индивидуализирани методологии (13 %) и зголемена обука на наставниците за технологија (17 %).
- Зголемен фокус на подобрување на поведението во училница, ангажираноста и мотивацијата.
- Промовирање вклученост и поддршка од родителите во образованието, вклучително преку едукација на родителите и семејно учење.
- Овозможување флексибилност во наставната програма за задоволување на индивидуалните потреби на учениците.
- Промовирање благосостојба и средини за учење кои даваат поддршка.
- Промовирање колаборативни и мултидисциплинарни пристапи, на пр. преку обезбедување повеќе време за наставниците да соработуваат и планираат.
- Обезбедување можности за висококвалитетен професионален развој за подучување и оценување на основните вештини за сите наставници (вклучително и стратегии за читање по предмети различни од предметот јазик).
- Обезбедување пристап до најнови и релевантни наставни материјали и ресурси, вклучително и дигитални.
- Повеќе поддршка еден-на-еден за ученици во ризик или со посебни потреби.
- Подобрување на училишните објекти и опрема и на пристапот до интернет.
- Обука за наставници за интегрирање технологија во подучувањето на основните вештини.
- Повеќе индивидуализирано подучување и оценување, вклучително преку технологии на ВИ.
- Ангажирање организации од заедницата, бизниси и надворешни експерти.
5 - Во кои области дополнителниот професионален развој на наставниците претставува најдобра поддршка во развојот на основните вештини?
Анкетата идентификуваше клучни области за насочен професионален развој за подобрување на основните вештини на учениците. Она што е интересно е дека ефективните стратегии за подучување разни основни вештини не се помеѓу најчесто избраните опции од страна на испитаниците. Наместо тоа, испитаниците најмногу сметаат дека поддршка е потребна во однос на пристапите за унапредување на ангажираноста и мотивираноста на учениците (49 %) и промовирање благосостојба, ментално здравје и социо-емоционално учење (40 %).
Помал број испитаници се залагаат за обука за колаборативни практики и мултидисциплинарна тимска работа (31 %) и подобри стратегии за поддршка за учениците со посебни образовни потреби (24 %), додека 22 % го истакнаа усовршувањето на пристапите во подучувањето читање. И на крај, 18 % ја препознаа потребата од обука на наставниците за подучување на основните вештини во повеќејазични и мултикултурни контексти.
- Зголемување на ангажираноста и мотивираноста на учениците.
- Разбирање на благосостојбата и на проблемите со менталното здравје, негување позитивна и пријатна средина (на пр. без насилство и врсничко малтретирање) и поддржување на развојот на социјалните и емоционалните компетенции на учениците.
- Практики на соработка и работа во мултидисциплинарни тимови.
- Ефективни стратегии за подучување природни науки (на пр. повеќе практично, искуствено учење или учење засновано на природата).
- Диференцирање и персонализирање на подучувањето и учењето.
- Техники и управување со училницата и поведението.
- Иновативни техники за оценување и давање повратни коментари (на пр. фокус на формативното оценување).
- Ефективни стратегии за подучување математика (на пр. повеќе фокус на математиката во секојдневниот живот).
- Интегрирање дигитални алатки во подучувањето.
- Поддршка на учениците со посебни образовни потреби или оние кои се соочуваат со специфични тешкотии.
- Ефективни стратегии за подучување читање (на пр. насочено читање, фониско подучување, разбирање, течност).
- Подучување основни вештини во повеќејазични и мултикултурни средини.
Дискусија
Податоците од анкетата покажуваат значителен диспаритет во перцепциите за владеењето на основните вештини од страна на учениците. Иако мал број испитаници сметаат дека повеќето ученици во нивното училиште или во некое училиште што го познаваат извонредно ги владеат овие вештини, поголем број од нив препознаваат потреба од подобрување, особено кај предметите математика и природни науки, каде перцепциите за незадоволителни постигнувања се значително повисоки отколку кај дигиталните вештини и јазичната писменост.
Испитаниците ги идентификуваа слабата мотивираност и недоволната родителска вклученост како значителни бариери за ефективен развој на вештините, истакнувајќи ја потребата од насочени интервенции. Стратегиите кои испитаниците сметаат дека најмногу ги унапредуваат основните вештини се фокусираат на поттикнување на вклученоста на родителите, подобрување на динамиката во училницата и адаптирање на наставните програми за тие да ги задоволуваат индивидуалните потреби на учениците.
Повикот за зголемен професионален развој на наставниците во области како што се ангажираност на учениците, ментално здравје и колаборативни практики ја одразува потребата од за унапредување на основните вештини на учениците и нивна подобра подготовка за иднината.
Further reading
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Early childhood education (ISCED 0)Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)Post-secondary non-tertiary education (ISCED 4)