eTwinning community rallies around Ukrainian teachers and students

Преку групата покрената од заедницата под наслов „еТвининг ја поддржува Украина: активности за солидарност водени од заедницата“, еТвинерите се обединија и се здружија преку активности за солидарност, испраќаа пораки за поддршка до оние кои се засегнати и го покажаа своето длабоко и заедничко верување во хуманитарните начела.
Тие изработија за Украина каде сите зборови беа поврзани со концептот на солидарност и испратија мултимодални за мир и демократија. Учениците изработија цртежи, хартиени птици и сувенири за украинските ученици, додека наставниците им читаа украински народни приказни за да ги одбележат нивните . Учениците им на нивните украински другарчиња и на креативен начин ги охрабруваа.
Наставниците кои згрижуваат / згрижуваа ученици бегалци ја означија својата локација за украинските ученици бегалци и наставниците кои ги згрижуваат, разменувајќи информации и идеи. Украински наставници и еТвинери од сите делови на Европа додаваа фотографии и новости за акти на солидарност во Европа и насекаде низ светот.
На почетокот од септември се организираше еТвининг настан за олеснување на почетокот на учебната година за украинските ученици кои би биле згрижени во други земји. Во објава на Padlet под наслов „“, Валентина Гаталска, украинска еТвинерка, побара од наставниците во Европа да ги споделат своите искуства со подучување украински ученици. Таа праша каква помош би им била потребна за тие активно да ги вклучат овие деца во нивните училишта и посочи дека украинските наставници стојат на располагање да дадат свои совети. Беше споделен „“ каде наставниците можат да го покажат својот ангажман и да ја прикачат својата тековна работа.
За време на Неделите на еТвининг, на 19 октомври 2022 година, грчката Национална организација за поддршка во соработка со кипарската Национална организација за поддршка организираше посветен на инклузија и на проекти на еТвининг кои интегрирале активности за солидарност за Украина, споделувајќи ги активностите координирани од групата покрената од заедницата. Никос Лекос, експерт и училиштен советник од Кипар, се фокусираше на темата инклузија и на начинот на кој таа може да се промовира преку проектите на еТвининг. Две грчки еТвинерки, Катерина Кириакиду и Атанасија Зафеиропулу, ги презентираа активностите за транснационална солидарност што ги реализираа во рамки на нивните еТвининг проекти.
Заедницата на еТвининг по пат на соработка промовира култура на активно вклучување во општеството и градење инклузивни и мирни демократски општества. Емпатијата и солидарноста се камен-темелник на мирот и се основа на образованието и на нашата еТвининг заедница.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalNot-for-profit / NGO staffParent / GuardianPedagogical AdviserTeacher