Од незаинтересираност за училиштето и негово предвремено напуштање кон училиштен успех за сите!

По неколкугодишно истражување на проблемот со предвременото напуштање на образованието, мислам дека ја забрза промената на европско и на национално ниво. Како резултат на тоа, намалувањето на вкупниот број ученици кои предвремено ги напуштаат образованието и обуката во ЕУ беше забележително. Меѓутоа, таквите достигнувања беа засенети од , зголемената појава на врсничко малтретирање, и алармантниот раст на проблеми со менталното здравје кај европската младина, што дополнително се влоши со пандемијата на КОВИД- 19.
И покрај нејзиниот фокус на пристапот заснован на целото училиште и на системските промени, борбата против предвременото напуштање на образованието и обуката коинцидираше со зголеменото присуство на еден индивидуалистички и „дефицитарен поглед“ кон учениците од ризични категории кои честопати се перципираат како главни виновници за нивната незаинтересираност за училиштето. Иако образовните институции и креаторите на политики вербално ја препознаваат сложеноста на факторите кои доведуваат до предвремено напуштање на образованието и обуката, кај нив се јавува тенденција да ја фрлаат вината врз самите ученици, за кои обично се смета дека не се доволно отпорни, или не се доволно мотивирани. Истовремено, институционалните и системските недостатоци кои се главна причина за нивната незаинтересираност едноставно се запоставуваат. Како резултат на тоа, мерките дизајнирани за справување со предвременото напуштање на образованието и обуката премногу се фокусираат на наводните недостатоци на учениците и на начинот како тие да се коригираат.
Во овој контекст, потребна е нова визија за образованието каде фокусот нема да биде ставен на индивидуалните маани и неадекватности, туку на она што треба да се направи на системско ниво за да се постигне училиштен успех за сите. Грижата за добросостојбата на учениците, како и на сите чинители во образованието, претставува клучен елемент овде. Како што се стремиме кон поправедни, поодржливи и поправични општества, не треба да целиме само кон избегнување на појавата на предвремено напуштање на образованието, туку треба да одиме чекор понатаму. Изминатата декада ни покажа дека намалувањето на појавата на предвремено напуштање на образованието и обуката – иако претставува важна цел – таа мора да биде надополнета со активности насочени кон справување со проблемот на недоволна совладаност на основните вештини, подобрување на добросостојбата и на менталното здравје на учениците, и обезбедување образование кое навистина може да ги инспирира и да ги поттикне младите луѓе да го остварат својот полн потенцијал. Ова е една од главните пораки од предложената .
Од една страна, на образованието може да се гледа на многу инструментален начин, едноставно како на „фабрика“ за идни работници, или како „платформа“ за пазарот на труд. Честопати ова е контекстот во кој се става дискурсот за потребата од справување со проблемот на предвремено напуштање на образованието и обуката. Од друга страна, на образованието може да се гледа како на еманципаторна алатка која овозможува и ги поттикнува децата и возрасните да учат во текот на целиот живот и да станат подобри верзии на самите себе. Овие навидум спротивставени визии за образованието може да коегзистираат, затоа што образованието може истовремено да биде олеснувач во процесот на влегување на пазарот на труд, како и алатка за себеподобрување. Ова ја истакнува важноста на потребата од заедничко решавање на проблемите, како што се предвременото напуштање на образованието и обуката, недоволното совладување на основните вештини и добросостојбата, и тоа преку интегриран и инклузивен пристап фокусиран на училиштен успех за сите.
е научен соработник во . Тој има европски докторат во полето на образовни науки (Универзитет на Порто) и над десет години искуство во областа на образовни истражувања. Козмин има учествувано на голем број академски конференции и негови статии се објавени во водечките научни списанија за образование. Моментално работи како административен координатор на и е член на .