Ƶ

Skip to main content
European School Education Platform

Италијанска студија од 2020 година за влијанието на еТвининг сега достапна и на англиски јазик

News item

Италијанска студија од 2020 година за влијанието на еТвининг сега достапна и на англиски јазик

Една студија спроведена во 2020 година заеднички од страна на INDIRE и Националната организација за поддршка на еТвининг во Италија го истражуваше влијанието на еТвининг врз професионалниот развој на работното место на наставниците во Италија. Првично објавена само на италијански јазик, студијата сега е достапна на англиски јазик и е бесплатна!
Italian Study Article Visual

Резултатите од студијата се засноваа на прашалник којшто беше испратен до анкетен примерок од 1.034 наставници од различни региони во Италија. Во моментот кога анкетата беше испратена, учесниците фигурираа како корисници на еТвининг во период од минимум три месеци и максимум 15 години. 


Целта на прашалникот и на интервјуата беше да се разбере подобро како учесниците гледаат на односот помеѓу еТвининг и развивањето на нивните вештини во три клучни области: дидактика, професионализам на наставниците и учество на училиштата. 


Во однос на поттемата за Дидактика, испитаниците одговорија дека веруваат дека еТвининг помогнал да се унапредат опфатот и примената на дигиталните вештини во училницата, и кај нив, и кај нивните ученици. Некои испитаници рекоа дека особено проектите на еТвининг биле клучни при работата со ученици со посебни потреби и/или ученици од мигрантско потекло. 

 

Во категоријата за Професионален развој беше најдена позитивна корелација помеѓу зачестеноста на учеството во проекти на еТвининг и позитивните чувства за професионалниот развој на наставниците. Испитаниците особено ги споменаа безбедноста на платформата и ефективноста на транснационалната колегијална обука својствена за еТвининг. 

 

Дали сакате да дознаете повеќе за влијанието на еТвининг врз учеството на училиштата? Имате бесплатен пристап до целосниот на англиски јазик, како и до .