Ƶ

Skip to main content
European School Education Platform
Project kits

Постигнување благосостојба на умот.

Овој проектен комплет има цел да промовира свесност за емоционалната и физичката благосостојба, како и соработка помеѓу малите ученици од различни училишта низ Европа.
group of primary students hugging in a circle and smiling

Овој проектен комплет има цел да промовира свесност за емоционалната и физичката благосостојба, како и соработка помеѓу малите ученици од различни училишта низ Европа. Преку привлечни и интерактивни активности поврзани со емоциите и благосостојбата, малите ученици ќе се поврзат со врсниците, ќе ги изразат своите чувства и ќе работат заедно во рамки на погодна и инклузивна средина на изработка на збирка/комплет алатки кои може да се користат во поддршка на нивната благосостојба.

Objectives
Objectives
  • Да се унапреди и промовира знаењето за благосостојбата
  • Да се поттикне социо-емоционалниот развој кај учениците од основно училиште
Покажи повеќе
Introduction of partners
Introduction of partners

Листа со песни: Учениците составуваат заедничка листа со песни. Секој ученик додава песна која го расположува кога е тажен. Тоа им овозможува на учениците да дознаат нешто за културата на другиот, како и подобро да се запознаат едни со други на неформален начин.

 

Белегзии за пријателство: Учениците изработуваат белегзии за пријателство со помош на конец. Секој ученик изработува белегзија за друг ученик од партнерското одделение. Додека ги изработуваат белегзиите, наставниците ја пуштаат листата со песни што ја составиле заедно со другото одделение. Наставниците ги снимаат учениците додека тие објаснуваат за кого ги изработиле белегзиите, зошто ги избрале токму тие бои, и која песна ја ставиле на листата. Наставниците може да ги постават овие видеозаписи на TwinSpace и да ги поттикнат учениците да ги изгледаат овие видеозаписи за пријателство. Откако ќе завршат со изработката, учениците ги испраќаат своите белегзии за пријателство по пошта до партнерското училиште. Доколку е возможно, може да го прикажат отворањето на пакетот на видеоразговор.

Покажи повеќе
Orientation
Orientation

Одделението дискутира за тоа што за нив претставува благосостојбата. Наставниците може накратко да објаснат дека овој термин се користи за да се опише состојбата кога на некого му е убаво и удобно, односно кога генерално се чувствува добро. Ги прашуваат учениците за тоа кои работи во нивните животи прават тие да се чувствуваат добро. За да им помогнат на учениците да си направат сликовита претстава, наставниците може да нацртаат три круга со пресеци на таблата и да ги означат со насловите: „Среќен/-на сум“, „Удобно ми е“ и „Се чувствувам здраво“. Нештата кои истовремено ги усреќуваат учениците и прават тие да се чувствуваат удобно, може да се запишат во пресекот помеѓу тие два круга.

На пример: Пешачењето може те усреќува, а тоа е и добро за твоето здравје. Не е важно ако учениците не се сигурни за тоа кое нешто во кој круг да го стават, туку тие едноставно треба да се поттикнат да размислуваат за различните нешта што влијаат врз нивната благосостојба.

 

Светкава тегла:

Создавањето „Светкава тегла“ е училишна активност во рамки на која учениците треба да измешаат проѕирно лепило, топла вода, прехранбена боја и различни предмети (како светки и емотикони) во затворена тегла. Дискутирајте со учениците за тоа зошто емоциите хаотично се движат низ теглата при вознемирувачки настани (дајте примери) и за тоа како смиреноста одразува трезвеност, со што се поттикнува целосвест (mindfulness). Преку оваа практична активност се учи за управување со емоциите, а подготовката на теглата е единствениот чекор што се одвива на самиот час.

Покажи повеќе
Communication
Communication

Комплет за благосостојба:

Учениците ќе формираат мали меѓународни групи (4-6 групи) за изработка на колективен „комплет за благосостојба“ за нивните врсници. Учениците ќе се претстават себеси, а за време на втората онлајн средба тие ќе работат заедно онлајн за да донесат одлука за содржината на комплетот, којшто може да вклучува игри, приказни, листи со песни, видеозаписи за медитација и листи со книги. Помалите ученици може да добиваат насоки од нивните наставници, кои може да предложат теми за комплетот, додека пак учениците може да дадат свој придонес преку активности.

Покажи повеќе
Collaboration
Collaboration

Учениците заеднички ќе изработат „комплет за благосостојба“ со помош на онлајн алатки, како што се или . Тие ќе ја утврдат содржината и ќе ја споделат врската на TwinSpace за да добијат повратни коментари од врсниците. Комплетот може да вклучува листи со песни за јога/медитација, приказна за благосостојба напишана од учениците, или кратки физички вежби. Родителите кои имаат стручни познавања (на пр. инструктори за јога, терапевти) може да дадат свој придонес преку сознанија во однос на емоциите и комуникацијата. Оваа активност поттикнува интеракција и споделена цел, при што промовира свесност за благосостојбата помеѓу учениците.

Покажи повеќе
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment

Врсничко оценување од страна на учениците:

  • Учениците меѓусебно, едни со други, си го оценуваат придонесот врз основа на водич за оценување обезбеден од наставниците. Водичот за оценување треба да се осврнува на придонесот на учениците, нивната соработка во рамки на групата, нивните силни страни и вештините кои може да ги подобрат.
  • Групите одржуваат онлајн презентација за тоа како работеле заедно во рамки на нивниот тим и објаснуваат кои алатки ги вклучиле во нивниот комплет и зошто. Дополнително, тие објаснуваат зошто сметаат дека тој комплет би ја поддржал благосостојбата. Оваа активност ќе се користи за евалуација од наставниците, но и учениците ќе дадат повратни коментари по презентацијата.

Евалуација од наставниците: Наставниците ја оценуваат работата на учениците преку заеднички водич за оценување кој е достапен на веб-страницата на TwinSpace. Редовните проверки и врсничката евалуација во текот на проектот обезбедуваат континуирано оценување и врсничка отчетност. Наставниците даваат индивидуална и групна оцена по презентирањето на проектот врз основа на критериумите од водичот за оценување, при што поттикнуваат и дискусија. Следниот чекор е учениците да ги дефинираат проектните подобрувања, континуирано подобрувајќи ја својата работа.  

Покажи повеќе
Follow up
Follow up

Сите комплети за благосостојба ќе се зачуваат и споделат на TwinSpace. За информирање на родителите и на училиштата, може да се изработи информативен билтен за процесот на одвивање на проектот, со гостинска врска до платформата на TwinSpace за училиштата и родителите да може да го видат крајниот резултат.  

Дополнително, учениците може да одржат работилница за другите ученици во нивното училиште за да им покажат како функционира збирката алатки, зошто е важно таа да се користи и како таа може да ја подобри нивната благосостојба. На пример, учениците може да им одржат час по јога на нивните соученици или пак да им покажат вежба за дишење.

Покажи повеќе

Additional information

  • Age from:
    7
  • Age to:
    11
  • Difficulty:
    Intermediate
  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Teacher
    Student Teacher
    Head Teacher / Principal
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)