Ƶ

Skip to main content
European School Education Platform
Project kits

Истражувачи на еднаквоста

Овој проектен комплет покажува како да се продлабочи разбирањето на учениците за родовата еднаквост преку серија привлечни активности со соработка.
children dancing
Image source: Yogendra Singh from corelens

Учениците изработуваат презентации за примери што треба да ги следат сите, за застарени наслови на работни места и за историјата на родовата еднаквост, коишто се комбинирани во заедничка книга. Активностите имаат цел да ја подигнат свеста, да промовираат критичко размислување за родовите улоги и да поттикнат поинклузивен начин на размислување кај учениците.   

 

Objectives
Objectives
  • Развивање вештини за истражување и презентирање
  • Унапредување на критичкото размислување и осврнување
  • Поттикнување соработка и комуникација
Покажи повеќе
Introduction of partners
Introduction of partners

Покажи и кажи

Учениците од различни паралелки се поделени во парови за да бидат другарчиња со допишување и од нив се бара да разменуваат писма и цртежи за добри примери кои промовираат родова еднаквост. Тие се претставуваат себеси, дискутираат за примерите што ги претставиле и споделуваат размислувања за меѓусебниот придонес.

 

Постер за пример што треба да го следат сите

Наставниците можат да прикажат кратки видеа од различни луѓе кои служат како пример во нивните професии, како што се пожарникари, готвачи и пилоти, или да поканат гостин говорник од локалната заедница. Потоа, учениците разговараат во мали групи што научиле за родовата еднаквост во овие професии. Секоја група може да изработи постер со овие работни места со локални примери, како што се слики од противпожарната станица или добро познат ресторан. Во зависност од возрасната група, постерот може да се изработи со материјали за сликање и рачни изработки или онлајн алатки. Постерите се претставуваат пред остатокот од паралелката во рамки на видеоповик и се споделуваат на TwinSpace. 

Покажи повеќе
Orientation
Orientation

Родово сензитивен јазик

Наставниците може да поделат работен лист со примери за родово одредени називи на работни места кои објаснуваат дека одредени работни места историски се сметале за родово специфични, како „полицаец“ за мажи и „секретарка“ за жени. Бидејќи луѓето од сите полови сега можат да работат во сите професии, работните звања треба да бидат родово неутрални, како што се „полициски службеник/-чка“ и „извршен/-на асистент/-ка“. Учениците можат да работат во мали групи за да ги променат овие звања и да ги постават нивните одговори на Twinboard. Тие потоа разговараат и ги споредуваат нивните нови звања на работните места и изработуваат конечна заедничка листа за да ја споделат на TwinSpace.

Постер за (не)еднаквост

Наставниците би можеле да воведат проект за родова еднаквост, објаснувајќи што значи да се третираат сите еднаков, без разлика на полот. Тие би можеле да прикажат  за да им помогнат на учениците подобро да го разберат тоа. Заедно, паралелките може да оценуваат изјави или активности кои традиционално се поврзуваат со момчињата или со девојчињата и да одлучат дали тие се согласуваат со тоа или не. Користејќи , овие активности и искази потоа може да се категоризираат како активности во сферата на момчињата, во сферата за девојчињата или во средината што се преклопува ако се однесуваат и на двете групи. Комплетираниот Венов дијаграм се споделува на TwinSpace, а паралелките разговараат за сличностите и разликите во рамки на видеоповик, при што на крајот изработуваат колективен постер.

Покажи повеќе
Communication
Communication

Учениците формираат мали меѓународни групи за да изработат е-книга за родова еднаквост. На секоја група ѝ се доделува некоја личност или тема (како историска личност или стереотип) за истражување и изработка на „поглавје од е-книгата“ (во форма на мал постер, цртеж, текст или видео) за да се објасни родовата еднаквост. Во зависност од возраста на учениците, наставниците би можеле да дадат образец.

Како дел од нивната е-книга, секоја група може да интервјуира гости говорници. Секое училиште ќе организира онлајн состанок со говорниците, а сите паралелки соработуваат за да предложат прашања за интервјуто. Снимените интервјуа потоа ќе бидат составени во поглавје од е-книгата. Овие интервјуа може да се споделат за време на видеоповик со нивната партнерска паралелка каде што учениците ќе разговараат за нивното искуство и за она што го научиле.

Покажи повеќе
Collaboration
Collaboration

Откако ќе ги завршат нивните поглавја, учениците можат потоа да ги разменат со друга група за да добијат повратни коментари, користејќи табела за оценување обезбедена од наставниците. Табелата за оценување може да вклучува критериуми како што се квалитетот на содржината, креативноста и презентирањето, дигиталните вештини и критичкото размислување. Учениците, исто така, можат критички да се осврнат на поврзаноста на нивното поглавје со другите поглавја преку снимање на овие размислувања во рамки на дигитален документ кој ќе биде вклучен во последните поглавја. Секоја група потоа прави конечни уредувања врз основа на добиените повратни коментари.

Покажи повеќе
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment

Врсничко оценување

Учениците може да го оценат придонесот на секој член на групата во е-книгата со користење на табела за бодување изработена од наставникот. Оваа табела ќе ги оценува аспектите како што се квалитетот и оригиналноста на содржината, нивото на учество во групните дискусии, способноста да се даде конструктивен повратен коментар на врсниците и доследноста во исполнувањето на целите на групата. Исто така, треба да ги нагласи силните страни и областите во кои постои простор за подобрување.

 

Оценување од наставниците

Наставниците би ги оценувале истовремено индивидуалниот и групниот учинок со користење на систем заснован на вештини/компетенции. Системот за евалуација треба да биде дизајниран на начин што ќе предвидува освојување значки за завршување на конкретни задачи. Секоја значка одговара на одредена вештина или компетенција, како што се креативност, комуникација, соработка или решавање проблеми. За да ги заработат овие значки, учениците мора да исполнуваат јасно дефинирани критериуми за секоја задача. Овој игрифициран пристап не само што го следи напредокот на учениците, туку и го прави учењето попривлечно и ги одржува мотивирани.

Покажи повеќе
Follow up
Follow up

Документирање

На крајот од проектот, сите поглавја од книгата и размислувања треба да се состават во е-книга, со предговор кој вклучува поврзани активности, како постери и работни листови. Овие активности, исто така, би биле објавени одделно на TwinSpace. 

 

Дисеминација

За да се нагласи важноста на родовата еднаквост, паралелките би можеле да организираат саем за родова еднаквост во училиштето наменет за учениците и за нивните родители. На саемот, учениците можат да ги покажат своите проекти и е-книги и да уредат простор за прикажување на нивните поглавја и другото што ќе го сработат. Интерактивни елементи, како што се игри и квизови за родова еднаквост, може да се користат за подобрување на настанот. Може да бидат поканети и локални луѓе кои служат за пример и кои биле интервјуирани за проектот со цел да зборуваат за нивните искуства и поддршка за родовата еднаквост.

Покажи повеќе

Additional information

  • Age from:
    7
  • Age to:
    11
  • Difficulty:
    Intermediate
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)