Ƶ

Skip to main content
European School Education Platform
Survey

Анкета за подучување историја од повеќе перспективи – Резултати

На Џорџ Сантајана му се припишува цитатот „Оние кои не ја знаат историјата, осудени се да ја повторуваат“ – и во таа насока, образованието по историја може да ја зајакне нашата колективна меморија со прикажување спротивставени погледи на историските настани. Преку оваа анкета сакаме да ги дознаеме вашите ставови за мултиперспективноста во образованието по историја.
In the museum
Image: Adobe Stock / Jack F

Пристапот од повеќе перспективи е од суштинско значење за разбирање на историјата, затоа што тој уважува различни толкувања на еден ист настан наместо универзална историска вистина (). Мултиперспективноста, исто така, ја истакнува разликата помеѓу фактите и ставовите (како и лажните вести), и да ја оценуваат и споредуваат издржаноста на различните наративи со примена на одредени критериуми. Експертите од Работната група за образование и обука за 2020 изработија .

 

Целта на анкетата беше да се увидат ставовите во однос на подучувањето историја од повеќе перспективи. Таа беше активна од мај до август 2022 година и привлече 137 испитаници од над 30 земји, од кои 82% беа наставници или училишни лидери.

 

1. Според вас, кои се трите најважни функции на образованието по историја?

 

Најголем дел од испитаниците (54-74 %) сметаат дека образованието по историја им помага на луѓето да ги разберат не само промената и општествената еволуција, туку и актуелните случувања во светот, но и да развијат вештини, како што се критичкото размислување и отвореноста. Помал број испитаници сметаат дека тоа е од суштинско значење за добро граѓанство (23 %), дека промовира гордеење со сопствената земја (14 %) или дека е корисно во професионалниот свет (5 %).

 

teaching history - survey graph 1
  1. Нѐ информира за однесувањето на луѓето и општествата
  2. Ни помага да ја разбереме промената и да разбереме како настанало денешното општество
  3. Ни дава идентитет
  4. Има суштинско значење за добро граѓанство
  5. Корисно е во професионалниот свет
  6. Ни помага да развиеме вештини, како што се критичкото размислување и отвореноста
  7. Промовира вредности, како што се толеранцијата и заемното разбирање
  8. Промовира гордеење со нашата земја и култура
  9. Ни помага да ги разбереме актуелните случувања во светот

 

2. Во која мера ги користите следниве стратегии во секојдневната настава (ако предавате историја) – или (ако не предавате), во која мера сметате дека треба да се користат?

 

Во однос на наставните стратегии што се применуваат (или оние што се препорачуваат) во образованието по историја, испитаниците ги наведоа користењето други медиуми покрај учебниците (80 %), мултидисциплинарните пристапи (69 %) и личното истражување на учениците (68 %). По нив следат истражувањето во групи на учениците (67 %), посетата на музеи и/или историски изложби (64 %) и активности како што се дебати и симулации на улоги (62 %).

 

Поретко застапени стратегии се истражувањето контроверзни и сензитивни прашања, посетувањето виртуелни тури низ историјата и соработката со стручни лица и/или други организации. Уште помал број испитаници пак ги посочија вклучувањето на перспективите на маргинализираните/недоволно застапените групи, или користењето учебници од други земји и/или стари учебници за истражување на истата тема.

 

teaching history - survey graph 3

 

   Во многу голема мера
 Во голема мера
 Умерено
 Малку
 Воопшто
 Не знам/Неприменливо

 

  1. Користење други медиуми покрај учебниците (на пр. видеозаписи, интервјуа)
  2. Истражување контроверзни и сензитивни прашања
  3. Промовирање индивидуално истражување на учениците
  4. Промовирање истражување во групи на учениците
  5. Воведување мултидисциплинарни пристапи
  6. Разгледување стари учебници кои повеќе не се користат во училиштата (на пр. како биле претставени историските настани)
  7. Посета на музеи и/или историски изложби
  8. Користење учебници од други земји за истражување на истата тема
  9. Користење прослави на годишнини, стогодишнини и други јавни прослави
  10. Посетување виртуелни тури низ историјата
  11. Вклучување на перспективите на маргинализираните/недоволно застапените групи
  12. Организирање дебати и симулации на улоги
  13. Соработка со стручни лица и/или организации

 

3. Кои од следниве практики најдобро го одразуваат вашиот пристап во подучувањето (ако предавате историја) – или (ако не предавате), начинот на кој сметате дека треба да се подучува? 

 

Што се однесува до наставните практики, најголем дел од испитаниците посочија дека го истражуваат социјалниот, политичкиот и економскиот контекст на изворите, додека споредуваат докази од различни извори (61 %). Помал број испитаници ја оценуваат веродостојноста на изворите (53 %), ја истражуваат меѓусебната поврзаност на различните перспективи или го деконструираат јазикот на текстот во контекст на правење разлика меѓу мислење и факт (31 %).

 

Покрај тоа, еден од четворица испитаници се обидува да ја разбере логиката во мислењето на изворот, додека уште помал број испитаници им ја објаснуваат официјалната (државна) перспектива на своите ученици (15 %) или се придржуваат до националната наставна програма по историја, иако постојат и други перспективи (14 %).

 

teaching history - survey graph 3

 

  1. Споредување докази од различни извори, пронаоѓање точки на согласување/несогласување
  2. Оценување на веродостојноста на изворите (на пр. Кој е автор? Каква улога има тој/таа?)
  3. Правење обиди да се разбере логиката во мислењето на изворот
  4. Деконструкција на јазикот на текстот (на пр. правење разлика помеѓу мислење и факт, или анализа како наративот е структуриран)
  5. Истражување на социјалниот, политичкиот и економскиот контекст на изворите
  6. Истражување на меѓусебната поврзаност на различните перспективи
  7. Ставање до знаење на официјалната (државна) перспектива, но истовремено запознавање на учениците со други перспективи
  8. Придржување до националната наставна програма по историја, иако постојат и други перспективи на историските случувања

 

4. Кои се најважните придобивки од пристапот со повеќе перспективи во образованието по историја?

 

Најчесто посочени придобивки од воведувањето мултиперспективност во образованието по историја се развојот на вештини за критичко размислување и други преносливи вештини (59 %), како и поттикнувањето на учениците да ги почитуваат разноликоста и културните разлики (57 %). Други посочени придобивки се збогатувањето на историските наративи, развојот на аналитичките вештини и предметното знаење на учениците, и откривањето различни историски вистини  кои се нудат од различни извори.

 

Помал број испитаници како придобивки ги наведоа истакнувањето на влијанијата меѓу земјите, сојузите или различните групи во една земја, помагањето на учениците да стекнат чувство на национален и личен идентитет или проширувањето на линеарниот историски пристап на наставната програма.

 

teaching history - survey graph 4

 

  1. Проширување на линеарниот историски пристап на наставната програма
  2. Откривање различни историски вистини кои се нудат од различни извори
  3. Збогатување на историските наративи со дополнителни димензии (на пр. социјални, политички)
  4. Истакнување на влијанијата помеѓу земјите, сојузите или различните групи во една земја
  5. Разјаснување конфликтни ситуации и разбивање митови
  6. Проучување на историските односи меѓу мнозинствата/малцинствата, привилегираните/обесправените групи
  7. Поттикнување на учениците да ги почитуваат разноликоста и културните разлики
  8. Развој на аналитичките вештини и предметното знаење на учениците
  9. Развој на вештини за критичко размислување и други преносливи вештини
  10. Помагање на учениците да стекнат чувство на национален и личен идентитет

 

Заклучок

 

Најголем дел од испитаниците посочија дека образованието по историја им помага на луѓето да ја разберат промената, да се осврнат на еволуцијата на општеството и да ги разберат актуелните случувања во светот. Од аспект на наставните стратегии, најчесто посочувани беа користењето други медиуми покрај учебниците, примената на мултидисциплинарни пристапи, како и индивидуалното истражување и истражувањето во групи на учениците. Во таа насока, нуди , и кои можат да го помогнат и збогатат образованието по историја.

 

Во однос на наставните практики, најголем дел од испитаниците наведоа дека го истражуваат социо-политичкиот контекст на изворите, споредуваат докази од различни извори и ја оценуваат нивната веродостојност. Испитаниците сметаат дека мултиперспективноста придонесува за развој на вештините за критичко размислување на учениците и други преносни вештини, како и за промовирање разноликост и културни разлики. Сепак, ако не сте сигурни како да го изведете тоа, нуди пристап до материјали поврзани со историја, наследство и граѓанско образование преку својот ; нуди пристап до уметност, книги, филмови и музика од илјадници културни установи, и нуди бесплатна содржина за историја, готови активности за учење и иновативни дигитални алатки изработени од наставници по историја и за наставници по историја од цела Европа.

 

 

АНЕКСКоја од следниве точки најдобро ја опишува вашата улога?

 

 

teaching history - survey graph 5
  1. Воспитувач/ка - предучилишно образование
  2. Наставник/наставничка - основно образование
  3. Професор/ка - средно образование (Историја)
  4. Професор/ка - средно образование (Друг предмет)
  5. Професор/ка – стручно образование
  6. Директор/ка на училиште
  7. Едукатор/обучувач на наставници
  8. Креатор на образовни политики
  9. Надворешен практичар (во посета на училишта)
  10. Друг професионалец/засегната страна од образовниот сектор

 

 

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Parent / Guardian
    Researcher
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)