Истакнати моменти од Групите на еТвининг од 2023 година

Преку Групите на еТвининг, наставниците можат да ја споделуваат својата експертиза, да вршат дисеминација на најдобрите практики и да остваруваат контакти со наставници истомисленици од цела Европа и пошироко. Голем број активности се реализираа во различните групи.
Истакнатите групи ги водат искусни еТвинери и тие опфаќаат најразлични теми. Во моментов, има 20 активни Истакнати групи, коишто се фокусираат на теми, како што се иновација, благосостојба, инклузија, одржливост, ИВЕТ (иницијално стручно образование и обука) и СТЕМ (природни науки, технологија, инженерство и математика).
Во второто полугодие беше организирана серија онлајн настани коишто ги вклучуваа Истакнатите групи. Се одржаа седум вебинари со вкупно 550 учесници. Овие сесии беше предвидено да обезбедат платформа за модераторите и членовите на групите, овозможувајќи им да ги презентираат своите иницијативи пред пошироката заедница на еТвининг. Вебинарите опфатија широк дијапазон на теми, вклучително и некои технички сознанија, илустрирани преку сесијата одржана од страна на групата Virgilio. Дополнително, имаше дискусии фокусирани на одредени наставни предмети, како што е образованието за одржливост, во рамки на групата SENSE. Други сесии се фокусираа на напорите за изнаоѓање партнери, илустрирано преку групите ESL и Creative Classrooms.
Кампањата за Неделите на еТвининг за 2023 година се одржа во рамки на Истакнатата годишна група Иновација и образование – ВИ, креативност и благосостојба со еТвининг.
Во текот на Неделите на еТвининг во 2023 година, учесниците можеа да пристапат до активности, вебинари и ресурси преку интерактивна мапа во стилот на игра, дизајнирана од Амбасадорите на еТвининг. Се одржаа три интересни онлајн настани со експертски дискусии за иновација и благосостојба во училиштата на кои присуствуваа над 350 учесници. Севкупно, кампањата привлече над 800 нови членови во Истакнатата годишна група.
Во 2024 година, нашата главна тема ќе биде посветена на благосостојбата во училиштата, и ги охрабруваме сите еТвинери рано да се приклучат на Истакнатата годишна група Wellbeing@school, затоа што таа ќе биде централно место за сите активности и дискусии на темата.
Како може да се приклучите на некоја еТвининг група и да учествувате во сите овие активности?
Едноставно најавете се во делот за еТвининг, одете во секцијата за Групи и најдете група на која саката да се приклучите.
Additional information
-
Education type:Early Childhood Education and CareSchool EducationVocational Education and Training
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalTeacher Educator