Предизвици и стратегии за успех научени во стручно училиште во Грција

Јас сум директорка на во изминативе 15 години и за сето ова време бев сведок на растот и еволуцијата на нашата установа. Училиштата играат суштинска улога во обликувањето на иднината на младите луѓе, обезбедувајќи им ги вештините потребни за влез на пазарот на труд кој брзо се менува. Во денешното образовно опкружување, училиштата мора да поттикнуваат инклузија, да се справат со предвременото напуштање на образованието, да се приспособат на меѓународниот пазар на труд што брзо се развива, да ја обноват опремата и да ги усовршуваат вештините на наставниците за работа со дигитални алатки.
Поттикнување инклузија, справување со предвременото напуштање на образованието
Во нашето училиште, инклузијата е клучен приоритет. Нашиот корпус на ученици е разновиден, со ученици на возраст помеѓу 15 и 29 години кои доаѓаат од различни социо-економски средини. Неопходно е да се осигуриме дека сите наши ученици се чувствуваат поддржани и интегрирани во училишната заедница. Инклузијата, сепак, си има свои предизвици. Некои ученици може да имаат проблем со учењето или да се чувствуваат отуѓено од традиционалната средина за учење, што доведува до поголем ризик од осипување.
За справување со ова, акцент е ставен на обезбедување креативна, охрабрувачка и пријатна атмосфера каде што учениците имаат чувство на припадност. Личниот контакт е од витално значење, при што наставниците се трудат да одржуваат блиски односи со учениците, нудејќи советување и поддршка кога тоа е потребно. Холистичкиот пристап кон образованието во нашето училиште има цел не само да создаде квалификувани работници, туку и да обликува целосно еманципирани поединци. Кога учениците го доживуваат училиштето како своја заедница, тие имаат причина да останат ангажирани. Клучен аспект на оваа стратегија е нашата програма за стажирање што ги поврзува учениците со пазарот на труд и им нуди патеки до успех во реалниот свет, со што ги мотивира да останат на училиште.
Тежок предизвик во Грција, на кој морам да се осврнам, е емиграцијата на висококвалификувани работници во други (главно европски) земји што е во спротивност со приливот на бегалци и економски мигранти, кои треба да се интегрираат во грчкиот образовен систем и пазар на труд.
Приспособување на пазарот на труд
Друг голем предизвик со кој се соочуваме како стручно училиште е одржувањето чекор со пазарот на труд кој брзо се менува. Компаниите очекуваат нашите дипломци да бидат целосно подготвени со специфичните вештини потребни за нивните работни места, но барањата на индустријата постојано се менуваат, особено со сѐ поголемиот акцент на дигиталните вештини и на новите технологии.
За да се одговори на овој предизвик, вложена е напорна работа за надградба на технолошката инфраструктура на нашето училиште. Еден пример е нашиот курс за графички дизајн кој има најсовремена лабораторија опремена со 12 нови компјутери и напреден софтвер за дизајн. Понатаму, преку нашата соработка со две технолошки компании, ја имплементиравме иницијативата „паметна и зелена училница“, со што нашето училиште стана едно од првите во земјата што пилотираше мрежни системи за Wi-Fi базирани на облак. Овие иницијативи не само што го подобрија искуството на учење, туку и ни овозможија да бидеме во чекор со најсовремените технолошки напредоци во образованието.
Улогата на наставниците во дигиталниот свет
Главниот тековен предизвик е усовршувањето на нашите наставници. Нашиот наставен кадар, кој има децениско искуство во своите соодветни области, има потреба од континуирано учење поради брзиот технолошки напредок. Дигиталната писменост е од суштинско значење и за учениците и за просветните работници, што значи дека наставниците се вклучени во постојан професионален развој за да останат во чекор со новите наставни методи и со ефективната употреба на дигиталните алатки.
Една од нашите иницијативи за справување со овој предизвик е внесување на компании во училишната средина или испраќање на нашите наставници во посета на компаниите. Оваа практична изложеност им овозможува на просветните работници од прва рака да ги видат новите технологии што се користат во индустријата и да ги вклучат во нивната настава.
Обучување компетентни идни кадри
Во стручното училиште во Солун, нашата цел отсекогаш била да создаваме компетентни, продуктивни и посветени дипломци кои се добро подготвени за пазарот на труд. Нашиот успех лежи во тоа што им нудиме на учениците висококвалитетно образование и обука во рамки на инклузивна средина која нуди поддршка; нашата награда е тоа што учениците се чувствуваат исполнети и горди на своето училиште. Нашиот дуален систем на стручно образование им нуди на учениците драгоцени искуства од реалниот свет, при што на крај голем број од нашите дипломирани ученици се вработуваат во компаниите во кои оделе на обука.
На крајот на краиштата, ученикот кој е вистински компетентен има повеќе од само знаење и технички вештини. Буквите од кои е составен грчкиот збор PATHOS ги даваат почетните букви на карактеристиките на професионалната и индивидуална личност на еден млад човек; тие се: професионализам (Professionalism), способност (Ability), доверба (Trust), среќа (Happiness), ориентација (Orientation), успех (Success). Со негување на овие особини, ние се грижиме нашите ученици да бидат не само квалификувани работници, туку и граѓани на иднината, подготвени да дадат значаен придонес во општеството.
Further reading
Additional information
-
Education type:Vocational Education and Training
-
Target audience:TeacherStudent TeacherCareers CouncillorHead Teacher / PrincipalTeacher EducatorGovernment / policy maker
-
Target audience ISCED:Upper secondary education (ISCED 3)